Средба на претседателот Пендаровски со поглаварите и претставниците на верските заедници
Претседателот Пендаровски укажа на важноста на улогата на поглаварите на верските заедници, како во негувањето на соживотот што е важен предуслов за просперитет и напредок на државата, така и на важноста на нивните постапки во време на пандемијата на Ковид-19.

Претстојните велигденски и рамазански празници и условите во кои поради пандемијата на Ковид-19 и оваа година ќе биде неопходна претпазливост на верниците при празнувањето во верските објекти – во фокус на средбата меѓу претседателот Пендаровски и претставниците на верските заедници.
Претседателот Пендаровски укажа на важноста на улогата на поглаварите на верските заедници, како во негувањето на соживотот што е важен предуслов за просперитет и напредок на државата, така и на важноста на нивните постапки во време на пандемијата на Ковид-19.
Поглаварите и претставниците на верските заедници упатија апел до верниците за внимателно и одговорно однесување, сериозно и безусловно почитување на мерките и препораките од здравствените власти, за да се заштитат себе си и оние кои ќе одлучат оваа година да ги посетат храмовите по повод празниците, како и за неопходноста од вакцинација на граѓаните.
Претседателот Пендаровски ги повика сите граѓани на одговорно и совесно однесување за време на празнувањето на претстојните верски празници, соопштуваат од неговиот кабинет.
