Средба Пашинјан- Путин во Москва
Ерменија бара Азербејџан да ги ослободи воените заробеници
08.04.2021 11:51
На средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, ерменскиот премиер Никол Пашинјан истакна дека проблемот не бил решен иако посто договор.

Ерменија бара Азербејџан да ги ослободи воените заробеници, пет месеци по завршувањето на борбите околу регионот Нагорно Карабах. На средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, ерменскиот премиер Никол Пашинјан истакна дека проблемот не бил решен иако посто договор.
Владата во Баку тврди дека сите затвореници се ослободени. Во ланскиот конфликт во Нагорно Карабах загинаа 6.000 луѓе. Азербејџан, кој има поддршка од Турција, поврати големи делови од територијата што ја загуби во раните 90-ти години на минатиот век.
