Во Битола нема прекршување на новите мерки за заштита
Битола со три аспекти по најновите владини мерки. Газдите на рестораните и на кафулињата се разочарани, уплашените и совесните граѓани со надеж дека ќе стивне ширењето на вирусот, а најмладите тајно продолжуваат да се собираат. Од СВР Битола велат засега нема прекршувања на полицискиот час...

Вековниот кафе ритуал веќе втор ден мирува, а на најфрекфентната битолска улица гужвата значително намалена. Чувствата во зависност на дејноста, совеста и возраста.
По најновите ограничувања Широк Сокак со три лица. Угостителите и сопствениците на кафулиња замислени, совесните граѓани со надеж дека ќе се влијае да стивне жариштето, а младите во дослух кои би биле местата за денска дружба.
Обложувалниците го применуваат шалтерското работење што овојпат не е случај и кај најголем дел од кафулињата. Сопствениците на поголемите ресторани велат, таквата заработка не е рентабилна.
Повозрасните граѓани знаат дека доколку мерките продолжат, многу работници привремено ќе бидат одјавени, но велат мора да има мерки кога жариштата се лоцирани.
Младите вешто ја избегнуваат анкетата. Дали тоа значи дека има вистина во шпекулациите дека се договараат за нови локации за дневна и викенд дружба. Се чини дека родителите овојпат треба да посветат свои мерки затоа што на третиов бран не се имуни ниту младите. Не опоменува тоа што на кислородна подршака има неколку млади пациенти а на амбулантско лекување се јавуваат пациенти и на шеснаесет годишна возраст.
Стевче Митревски
