Ковид-19

Осуммина позитивни на Ковид-19 во затворот во Штип

08.04.2021 13:12

Петмина осуденици кои издржуваат казна во штипскиот затвор се позитивни на Ковид- 19, меѓу нив и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, потврди затворската управа. Истовремено позитивни се и тројца вработени во оваа казнено-поправна институција, а вчера биле тестирани уште 20-тина вработени...

Тројца вработени во штипскиот затвор и петмина осуденици се позитивни на Ковид- 19. Осудените се изолирни во две простории, а на тројца од нив им е извршено дополнително испитувања на крвта и томографија на белите дробови во Клиничка болница Штип. Сите петмина осуденици се во стабилна здравствена состојба, изјави директорот на казнено- поправниот дом во Штип.

Во денешниот извештај на Клиничката болница во Штип стои дека во минатото деноноќие битката со вирусот ја изгубиле петмина пациенти, што е најголем број до сега. Хоспитализирани се 86 пациенти од истокот, од кои 45 се на кислородна поддршка.

Славица Величковска