Новиот крак од струмичката болница во функција од септември
До септември се очекува да профункционира новиот крак во струмичката болница која треба да прерасне во медицински центар и да опслужува околу 200 илјади пациенти од југоистокот…

Оптимистичка најава од управата на струмичката болница. Старо-новиот крак од болницата кој чека старт преку триесет години ќе започне да функционира до септември.
Многупати досега беше најавувано ставањето во функција на Ургентниот центар за тријажа на болни, специјалистички амбуланти по општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, ортопедија и урологија. Како и работата на осумте оперативни сали за која се неопходни опрема за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување.
Во струмичката болница се лекуваат пациенти не само од микрорегионот, туку и од Берово, Радовиш, Гевгелија. Со ставањето во функција на новиот крак се очекува болницата да премине во медицински центар кој треба да опслужува околу 200 илјади пациенти.
Стојне Митева
