Афера „Мафија“

ВМРО- ДПМНЕ со нов доказ за издаден пасош на мафијаш

08.04.2021 14:17

ВМРО- ДПМНЕ со нов доказ за издаден пасош на мафијаш, велат, овој пат од Италија. Премиерот Заев смета дека каналот со лажни пасоши е затворен, а МВР спровела успешна акција...

ВМРО- ДПМНЕ со нов доказ за издаден пасош на мафијаш, велат, овој пат од Италија. Извесен Валид Иса Хмаис Шефн на група за перење пари од трговија со кокаин на италијанската мафија во 2019-та преку регуларна постапка во службите на МВР добил патна исправа со украден идентитет на Македонец од Корча – посочува опозициската партија. Прашуваат дали е вистина. Италијанецот бил во бегство од 2017-та.

Премиерот Заев смета дека каналот со лажни пасоши е затворен, а МВР спровела успешна акција. Оттаму не гледа одговорност кај министерот Спасовски. Тврди и дека пасошите се издавале во времето на ВМРО- ДПМНЕ.

СДСМ обвинува дека опозициската партија ја саботирала акцијата на МВР, но обидите да спаси криминалци пропаднале. Во акцијата двојник уапсени се девет лица, а по едно сѐ уште се трага. Во изминатиов период биле издадени 214 пасоши на луѓе познати во криминалните кругови од регионот.

 

Миле Ристески