Санкции за притисок врз Русија

20.03.2014 13:29

На синоќешната седница на Советот за безбедност на ОН дојде до остри зборови и закани меѓу претставниците на САД и Русија. Рускиот претставник ја обвини американската амбасадорка дека ја навредува подготвеноста на Москва да соработува и за други прашања...

САД и ЕУ остануваат на санкциите како метод за притисок врз Русија по анексијата на Крим. Американскиот претседател Обама исклучи каква било можност за испраќање војска во Украина. Наместо тоа, ќе врши притисок врз Москва на дипломатскиот фронт.

„Нема да се вовлечеме во воена екскурзија во Украина. Ќе ги мобилизираме сите дипломатски ресурси за силна меѓународна коалиција што ќе прати јасна порака – дека Украина треба сама да одлучи за својата судбина, изјави Барак Обама, претседател на САД.

На синоќешната седница на Советот за безбедност на ОН дојде до остри зборови и закани меѓу претставниците на САД и Русија. Рускиот претставник ја обвини американската амбасадорка дека ја навредува подготвеноста на Москва да соработува и за други прашања.

„Мултилатерален механизам за решавање на украинската криза може да се постигне преку нашиот предлог за формирање група за помош на Украина. Очекуваме одговор на нашата конструктивна иницијатива“, рече Виталиј Чуркин, постојан претставник на Русија во ОН.

„Русија е позната по книжевната величина. Ова што го слушнавте од рускиот амбасадор е поимагинативно од Толстој и Чеков. Русија ги прецрта границите, но не може да ги прецрта фактите“, ијзави Саманта Пауер, постојан претставник на САД во ОН.

Шефот на руската дипломатија Лавров рече дека се преземаат последните чекори и до крајот на неделава Крим и официјално ќе стане дел од Украина.

„Ќе ги браниме интересите на Крим со политички, дипломатски и законски средства. Ќе бараме да се почитуваат правата и слободите на нашите сограѓани во земјите во кои се наоѓаат“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Во меѓувреме, Украина го замрзна членството во Заедницата на независни држави и воведе визи за Русија, но преодниот премиер Јаценјук предупреди дека тие може да бидат контрапродуктивни. И Москва се закани дека нема да остане без одговор. Проруските сили денеска го ослободија заробениот украински офицер, но зазедоа уште една база на Крим.

 

Ивана Салтировска