Економијата стабилна, буџетот во добра кондиција, долгот ќе расте
Четирите економски пакети за поддршка се реализирани со 82%, за што се искористени 860 милиони евра буџетски пари. Петтиот пакет мерки вреден 150 милиони евра, сѐ уште е заглавен во собраниска процедура. Економскиот тим уверува- полнењето на државната каса е според планираното, приходите се на повисоко ниво, буџетот е во добра кондиција...

Македонската економија е стабилна, буџетот е во добра кондиција, полнењето на државната каса според проектираното- владиниот економски тим се пофали, со 82 насто реализација мерките од четирите пакети. Антикризните мерки двојно го ублажиле ударот врз бруто домашниот производ. Премиерот уверува, 2021-вата ќе биде година на заздравување и економски раст од 4,1 насто. Банкарскиот сектор е ликвиден и стабилен, ниту една банка нема проблеми во работењето- тврди Заев.
Проекциите за македонската економија не се амбициозни туку реални – вели чуварот на државната каса. Од даноци се инкасирани 27,8 милијарди денари, за 6,2 проценти повеќе од истиот период лани.
Приходите се повисоки, капиталните расходи со четири милијарди денари, реализирани во обем 16,6 насто од проектираното за цела година. Бесими тврди, буџетскиот дефицит е понизок за 7,4 проценти во однос на првото тримесечје минатата година. Но, долгот ќе порасне.
Владата уверува, државна помош ќе има за економските оператори кои овие две недели ќе бидат затворени заради третиот бран на ширење на вирусот. Ќе се покријат процент и од приходите оставрени во првите три месеци годинава во форма на директна помош. Додека трае здравствената криза можности за свадби во ресторани нема- вели Бетиќи.
Компаниите до 15-ти април со една апликација може да се пријават за мерката поддршка на плати за февруари и март. Сепак реализацијата зависи од народните избраници, брзи мерки за спас и поддршка на плати нема да има- потврди владата.
Сузана Фиданска Стоевска
