Да се зајакне вклученоста на жените во политичкото одлучување
Да се зајакне вклученоста на жените во политичкото одлучување е целта на дебатата за предизвиците за родовата еднаквост во процесот на носење одлуки. Учеството на женски и машки претставници од владините тела вклучени во процесот на решавање е од огромно значење за дискутирање на конкретни акции што може да бидат преземени за подобрување на родовата еднаквост, истакнаа организаторите...

Најголемиот родов јаз сѐ уште е во политичкиот живот, заклучуваат соговорниците во дебатата за родовата еднаквост. Преку законски измени и стратегија, земјава се стреми кон исполнување на меѓународните стандарди, најави министерките Шахпаска, Царовска и Шеќеринска. Оттаму и новата концепција за основно образование како сериозен исчекор кон постигнување на родова рамноправност.
Министерката за одбрана вели дека родовите прашања се проследени со говор на омраза, и тоа ги одвраќа жените од идејата да се вклучат во создавањето политички одлуки.
Според европскиот дипломат во земјава Гир, претстои долг пат до постигнување на целите, но тоа е можно доколку се мобилизира целиот потенцијал на жените.
Амбасадорот Сера смета дека Македонија има направено сериозни чекори откако се воведе квотата од 40 насто жени во собранискиот состав.
Ана Јосифоска Тодоровска
