Европски суд за човекови права: Задолжителната вакцинација е неопходна во демократско општество
Европскиот суд за човекови права смета дека задолжителната вакцинација е „неопходна во демократско општество“. Ова произлегува од неговата конечна пресуда по жалбата на родители на деца одбиени од училиштата и казнети заради нивното не вакцинирање со деветте задолжителни вакцинации во Чешка, одлука која според експертите би можела да се примени и за вакцините против Ковид-19...

Во пресудата на Големиот совет 1 , донесена денес во случајот Вавричка и други против Чешка Европскиот суд за човекови права, со мнозинство гласови (шеснаесет гласови наспроти еден), утврди дека: Нема повреда на членот 8 (право на почитување на приватниот живот) од Европската конвенција за човекови права, односно пресуди дека „задолжителната вакцинација е „неопходна во демократското општество“.
Имено, во Чешка, како и во многу други земји постои општа законска обврска да се вакцинираат деца против девет болести добро познати на медицината. Сепак, оваа обврска не може да се наметне физички. Родителите кои не ја почитуваат оваа обврска, без валидна причина, може да бидат казнети со парична казна, а невакцинираните деца не се прифаќаат во училиштата, се прави исклучок за оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини.
Затоа зависат од колективни имунитет за заштита од сериозни заразни болести, за кои станува збор. Државата во овој случај, ужива голема маргина на проценка.
Со тоа Судот заклучи дека оспорените мерки се „неопходни во демократско општество“. Одлука која беше коментирана од Никола Хервио, правник-специјалист за ЕСЧП, според кој „оваа пресуда ја зајакнува можноста за задолжителна вакцинација под услови во сегашната епидемија на Ковид-19“, значи државите можат да наметнат ако тоа го сметаат потребн- задолжителна вакцинација против Ковид-19.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
