Ибрахимовиќ виртуоз и на преговарачкатата маса!
Златан Ибрахимовиќ е апсолутен предводник на фудбалерите на Пари Сен Жерман на теренот, но и надвор од него. Како најдобар и најплатен играч на тројниот првак на Франција, популарниот „Ибра“ беше успешен и во преговорите со раководствоато ан ПСЖ. Швеѓанецот издејствува награда од по 1 милион евра за секој фудбалер доколку Пари Сен Жермен ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Ибрахимовиќ успеал да ги убеди сопствениците на ПСЖ и на „Катар Инвестментс“ дека ваквата премија ќе биде дополнителен мотив за фудбалерите за да дадат над своите можности и првпат во историјата на клубот да се искачат на кровот на Европа.
Во петте настапи во Лигата и еднаш во Купот на шампионите, најголем успех на Пари Сен Жермен е полуфиналето во 1995-та кога кога со Жорж Веа ги загуби и двата натпревара со Милан, дома 1:0 и на „Сан Сиро“ 2:0. Минатата година ПСЖ одигра големо четврфинале против Барселона и беше елиминиран само поради гостинските голови. На „Паркот на принцовите“ беше 2:2, а на „Камп Ноу“ 1:1.
Сезонава, парижани беа убедливи во елитното натпреварување, па во групата имаа четири победи и по едно реми и тоа со Андерелехт 1:1 и пораз од Бенфика 2:1 во натпревар што не им значеше ништо. Во осминафиналето ПСЖ беше убедлив против Баер Леверкузен и славеше на гости со 4:0 и дома со 2:1. Златан Ибрахимовиќ досега постигна десет гола и е втор стрелец во Лигата на шампионите зад Кристијано Роналдо со 13.