Правда

Семејството и Комитите уште еднаш побараа правда за Саздо

08.04.2021 20:46

Ниту една пресуда не може да го врати Саздо, но немањето правда и намалувањето на казната на сторителите на ова убиство, може да испрати порака за стимулирање на нови недела, велат пријателите на Саздо...

Правда за Саздо уште еднаш побараа неговото семејство и другарите од навивачката група Комити. Револтирани се од пресудата на апелацискиот суд со која казната затвор на убијците на младиот Никола Саздовски се намали од 19 на 16 години.

Семејството и адвокатот на Никола Саздовски Саздо предадоа барање до јавниот обвинител за ревизија на намалената казна.

Бараат јавниот обвинител да го продолжи процесот и да бара максимална казна од врховниот суд со надеж дека овој третостепен суд ќе ја потврди претходната казна од 19 години затвор, за извршеното кривично дело убиство на свиреп начин, иако како што вели родителот максималната предвидена казна за кривичното дело е доживотен затвор.

Ниту една пресуда не може да го врати Саздо, но немањето правда и намалувањето на казната на сторителите на ова убиство, може да испрати порака за стимулирање на нови недела, велат пријателите на Саздо.

По собирот пред Јавното обвинителство, семејството и пријателите се упатија во црквата Успение на Пресвета Богородица во ракотинци, каде што беше одржана панихида за Саздовски.

 

Марија Котовска