Со „Астра Зенека“ нема да се вакцинираат лица под 60 години
Досега околу 15.500 повозрасни граѓани во земјава се вакцинирани со „Астра Зенека“ и засега нема пријавена ниту една несакана реакција од вакцинацијата, освен пријавениот случај на 28-годишна девојка по вакцинација со оваа вакцина во Србија.

Вакцината на „Астра Зенека“ во земјава нема да се дава на лица помлади од 60 години. Здравствените власти одлуката ја донесоа откако го разгледаа ставот на Европската агенција за лекови (ЕМА) за безбедноста на вакцината на „Астра Зенека“.
Досега околу 15.500 повозрасни граѓани во земјава се вакцинирани со „Астра Зенека“ и засега нема пријавена ниту една несакана реакција од вакцинацијата, освен пријавениот случај на 28-годишна девојка по вакцинација со оваа вакцина во Србија.
Наредната недела во земјава треба да пристигнат околу и 1.500 пакувања од новата терапија што веќе се применува во САД во третман на пациенти болени од Ковид-19. Во ковид-центрите во болниците се лекуваат над 1.700 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Сегашната состојба и големиот број на смртни случаи, според надлежните, се одраз на тоа што се случувало во претходните две недели, а очекуваат бројката да се намали како резултат на дополнителните рестриктивни мерки за околу две недели.
Во текот на овој месец се очекува да пристигнат околу 300.000 вакцини.
