Берлин

Германците подготвени да се вакцинираат со „Спутник“

09.04.2021 10:30

Според истражувањето, 55% од испитаниците изразиле подготвеност да се вакцинираат со руската вакцина кога ќе биде регистрирана во Европската унија. Други 19 проценти рекле дека ќе ја отфрлат таквата можност, 14 проценти биле неопределени, а 12 проценти рекле дека генерално не сакаат да се вакцинираат.

Повеќе од половина од населението во Германија е подготвено да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус „Спутник В“, пренесува весникот „Ханделсблат“.

Според истражувањето, 55% од испитаниците изразиле подготвеност да се вакцинираат со руската вакцина кога ќе биде регистрирана во Европската унија. Други 19 проценти рекле дека ќе ја отфрлат таквата можност, 14 проценти биле неопределени, а 12 проценти рекле дека генерално не сакаат да се вакцинираат.

Од почетокот на пандемијата, во светот се регистрирани повеќе од 134 милиони случаи на коронавирус. Активни се 23 милиони.