Малахит- камен на надежта и вербата
Поради убавината на нијансите го нарекуваат и паунов камен. Во Русија во 18 век, малахитот е сметан за скапоцен камен, а од него се правени украсни предмети и накит, па дури и копчиња за облека. Со посебна техника на руски мозаик, од малахит се направени камините и ѕидовите во Малахитната сала во Зимскиот дворец Ермитаж, во Санкт Петербург, како и столбовите во олтарот на Исакиевскиот сабор...

Малахитот е познат од дамнина, кога е откриен во планините на јужен Иран, во познатите рудници на царот Соломон. Името на малахитот најверојатно доаѓа од грчкиот збор „малакос“, што значи мек, токму поради слабата цврстина. Според друга верзија името потекнува од грчкиот „малаче“ -слез, според бојата на листовите на слезот. Според хемискиот состав е бакар-крбонат, со слаба цврстина и не е отпорен на киселини, амонијак, топлина и врела вода. Користен е уште и во стариот Египет 4000 год. п.н.е. за правење козметички средства и шминки за очи. Во старите Рим и Грција од малахотот правеле амајлии кои носеле здравје, успех во работата и во љубовта. Во Египет и Рим, мелениот прав од малахит се корисел како боја за сликање на ѕидовите. Во средниот век го сметале за заштитник од вештерки и други опасности кои им се надвиснувале на децата. Користен е и како лек. Се верувало дека медаљон од малахит лекува реума, а прстен од малахит заштитува од колера и чума. Овој камен лечува астма, меланхолија, алергии, инфекции и сепса, нормализација на работата на срцето.
Според нијансите на бојата и текстурата најценет е уралскиот малахит, кој е познат во цел свет. Малахитот се смета за „руски камен“. Неговата популарност почнува од 1635 год. кога се откриени наоѓалиштата во Урал. На локалното население тој им е познат 3000 години наназад. Малахитот од таму е со зелени тонови помешани со светло зелени, дури и со тиркизни нитки, но и со црни линии кои им даваат посебен шарм на предметите од малахит.
Во Русија во 18 век, малахитот е сметан за скапоцен камен, а од него се правени украсни предмети и накит, па дури и копчиња за облека. Со посебна техника на руски мозаик, од малахит се направени камините и ѕидовите во Малахитната сала во Зимскиот дворец Ермитаж, во Санкт Петербург, како и столбовите во олтарот на Исакиевскиот сабор.
Поради прекумерната експлоатација, уралските рудници денес се исцрпени. Уралскиот малахит стана реткост. Го има само во мали парчиња. па за сериско производство на големи предмети, во поново време се користи заирскиот малахит. Покрај наоѓалиштата во Заир го има и во Намибија, Кина, Германија, Романија и Казахстан, но казахтанскиот е со темно зелена боја, речиси црна, без изразена текстура со линии. Всушност нитките во сите нијанси се тие што му даваат на малахитот неповторливост.
Се смета за камен на трговците. Се верува дека кога е поставен во сите ќошиња на продавниците, банките или фирмите, привлекува клиенти. Легендата вели дека малахитот може да го направи човекот невидлив, а тој што пиел од малахитна чаша, ќе можел да го разбере животинскиот јазик.
Се користи за прочистување и на духовно ниво, развива несебичност, воспоставува рамнотежа, го намалува стравот и несоницата. Малахитот носи светлина преку срцевата чакра и ги оживува токовите на енергијата кои носат живот, трансформација и љубов, но и поврзаност со природата. Ја чисти аурата од блокади на физичко ниво, болка и камен во бубрезите, цисти во внатрешните органи, ги чисти клетките, органите и ткивата, врши детоксикација против труења, ги чисти и дишните патишта, затнат нос, електромагнетно загадување. Помага за емоционално самоисцелување, емотивни блокади, помага за епилепсија, гихт, габични инфекции, хемороиди, имунитет, инфективни болести, цироза на црн дроб, карциноми, тумори, костоболки, крајници, крвен притисок, метаболизам, грчеви во мускулите, ослободува од потиснати емоции и разни ментални состојби и блокади и уште многу непријатни состојби на телото и психата.
Овој камен не смее да се чисти со сапун и вода, туку само во сад со каменчиња од хематит, а се полни со енергија во сад со горски кристали.
Соња Стојановска