21 прекршување на забраната за движење, 584 санкции за неносење маска
09.04.2021 11:33
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 21 лице не ја почитувало забраната за движење, соопштува МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 584 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
