Израел: Нема да соработуваме со Меѓународниот кривичен суд
09.04.2021 11:47
Израел реши да не соработува со судот, додавајќи дека институцијата нема легитимитет да почне истрага против Израел.

Израел нема да соработува со Меѓународниот кривичен суд во рамки на истрагата за наводни воени злосторства на палестинските територии. Израел реши да не соработува со судот, додавајќи дека институцијата нема легитимитет да почне истрага против Израел.
Меѓународниот кривичен суд почна истрага за наводни воени злосторства на палестинските територии на почетокот на март, по што Израел ја отфрли иницијативата, а Палестинците ја поздравија.
