Вардар – Шкендија без гостински навивачи!
Вардар и Шкендија не сакаат да ризикуваат, па се договорија на неделниот натпревар од 23-то прволигашко фудбалско коло што ќе се одигра во Скопје да нема навивачи на екипата од Тетово. Тоа се однесува за организирана група иако билети во слободна продажба ќе има. Отворени ќе бидат западната и северната трибина на „Националната Арена Филип Втори“ и влезници во слободна продажба ќе има што остава простор до нив да дојдат и симпатизери на Шкендија.

Од Вардар најавуваат дека ќе бидат добри домаќини, дека гостинот ќе биде пречекан како што му личи на шампионот, но и дека ќе бидат внимателни и подготвени за да нема никакви инциденти.
Натпреварот е исклучително важен за двете екипи затоа што вардарци се во трка за третата титула по ред, но по ремито со Пелистер го загубија првото место на табелата, додека Шкеднија и покрај големите вложува се уште е во зоната за испаѓање. Натпреварот ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје кој го водеше и македонското дерби Вардар – Пелистер.
Македонската телевизија од натпреварот Вардар – Шкендија ќе емитува пренос на МРТ собранискиот сервис в недела во 16 часот.