Ковид-19

Прилеп: Се вакцинираат одделенските наставници, побараа и професорите

09.04.2021 12:48

Првите вакцини почнаа да ги добиваат и прилепските наставници кои одржуваат настава со физичко присуство. Велат, добро се чувствуваат и е неоходно за безбедноста на децата, семејствата, родителите. Им се прифати барањето за побрза вакцинација на професорите кои ги чекаат матурски испити, уписи и физички контакт со учениците...

Снежана Дукоска и Трајче Каралиоски се меѓу првите одделенски наставници од Прилеп кои се вакцинираа. За да може, велат, безбедно, за учениците и за семејствата, да ја одржуваат наставата со физичко присуство. Посакуваат што побрзо сите да се вакцинираат.

Почнаа да се вакцинираат 123-та учители кои во 10-те прилепски основни училишта имаат физичка настава. Оценуваат- стабилна е ситуацијата во нивните училници.

Побрза вакцинација побараа професорите од средните училишта. Во јуни ќе мора да бидат во училниците за матурските испити, полагањата и уписите. Нивното барање, преку градските власти до Министерството за образование е прифатено.

Повик за вакцинација чекаат и 118 вработени во детските градинки.

Елизабета Митреска