Свет

Безбедна Турција: Започна вакцинацијата за вработените во туризмот

09.04.2021 13:01

Програмата за безбеден туризам во Турција стана побезбедна со програмата за вакцинација на вработените во туризмот...

Република Турција започна со целосна вакцинација на вработените во туризмот, во координација со Министерството за култура, Министерството за здравство и Агенцијата за промоција на турскиот туризам и развој. Програмата за вакцинација  ги опфаќа вработените во авиокомпаниите, аеродромите, сместувачките капацитети, туристичките агенции, како и професионални туристички водичи. Вакцинацијата ќе заврши непосредно пред почетокот на летната сезона, а во рамките на „Програмата за сертифицирање на безбеден туризам“, којашто има за цел да ги пречека меѓународните патници за претстојната летна сезона на кои ќе им гарантира безбедност, како на туристите така и на вработените во турскиот туризам.

Со изработката и промоцијата на „Програмата за сертифицирање на безбеден туризам“ во јуни 2020 година, Турција ги следи строгите упатства за целосна безбедност, како и преземање на сите потребни чекори со цел потврда на истата. Пред официјалното отворање на летната сезона, Министерството за култура и туризам започна да работи на вклучување на вработените во туристичкиот сектор во Програмата за вакцинација со цел обезбедување на потребните безбедносни туристички услуги во земјата, којашто ќе остане отворена во текот на целата година.  Програмата за вакцинација се спроведува прецизно во координација со Министерството за здравство на Република Турција.

Како дел од континуираните напори за борба против КОВИД-19 и дополнителното зајакнување на позицијата како една од најбезбедните туристички дестинации во светот, Турција продолжува да инвестира во „Програмата за сертифицирање на безбеден туризам“ којашто е една од првите и најуспешните примери во светот на туристичко поле, правејќи ја задолжителна за сите сместувачки капацитети со 30 или повеќе соби. Досега се сертифицирани повеќе од 8.000 објекти. Република Турција ги презема сите активности со цел да се осигура дека здравиот и безбеден туризам ќе ја направи посакувана дестинација во 2021 година за сите меѓународни патници и туристи, кои ќе се одлучат да патуваат и летуваат во оваа земја.