Стабилен број на вработени во компаниите во ТИРЗ
И покрај пандемијата, бројот на работни места во Технолошко-индустриските развојни зони во Македонија е стабилен. Нето- платата бележи мал раст, објави директорот на ТИРЗ, јован Деспотовски. Лани компаниите во зоните, имале пад на приходите од 9,4 проценти. Вкупната добивка била 4 милијарди денари...

Компаниите во технолошко- индустриските развојни зони лани забележале пад на приходите од 9,4 проценти. Според првиот човек на ТИРЗ, Деспотовски, 18 компании вработувале, додека само девет го намалиле бројот на работници. Дециден дека станува збор за мал процент на намалување во пандемиска година. Деспотовски информира дека се преговара со неколку странски инвеститори од преработувачката и фармацевтската индустрија. Вели, станува збор за компании кои ќе донесат повисока додадена вредност.
Вкупната добивка од зоните лани изнесувала 4 милијарди денари што е намалување во однос на претходната година. Според Деспотовски, охрабрувачки е што лани за два проценти пораснала нето платата.
Според податоците, странските компании добиле поголема државна поддршка во однос на 2019- тата. Деспотовски вели дека 47 проценти од вкупната извозна активност во земјава била од индустриските зони.
Дијана Ценевска
