Обвинителство

Претрес во „Инвока Гроуп“

09.04.2021 13:16

Веста за претресот во фирмата, како и во домот на сопственикот за МТВ ја потврди и обвинителката Вилма Рускоска. Рече дека се прибираат докази во рамки на предистрага, отворена по допрен глас за случајот за набавениот софтвер за сообраќајни прекршоци.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција изутрината извршило претрес во фирмата во врска со набавениот софтвер за сообраќајни прекршоци, поврзан со поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.

Веста за претресот во фирмата, како и во домот на сопственикот за МТВ ја потврди и обвинителката Вилма Рускоска. Рече дека се прибираат докази во рамки на предистрага, отворена по допрен глас за случајот за набавениот софтвер за сообраќајни прекршоци.

Софтверот е во вредност од 81 илјади евра, а набавен е од поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски за потребите на Министерството за внатрешни работи.