Обвинителство

Претрес во фирмата „Инвока гроуп“ преку која Рашковски го купил софтверот

09.04.2021 14:48

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција извршило претрес во фирмата поврзана со набавката на софтвер за сообраќајни прекршоци, случај во кој се споменува и поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Проверен бил и домот на сопственикот. „Се прибираат докази во предистрагата“, потврди за МТВ обвинителката Вилма Рускоска. Случајот го испитуваат и антикорупционерите...

По наредба на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, извршен претрес во фирмата „Инвока гроуп“ и во домот на сопственикот, за случајот со софтверот во МВР што го набави поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски. Компанијата победи на тендерот за набавката за сообраќајни прекршоци, во вредност од 81 илјада евра. Се прибираат докази во предистрагата потврди за МТВ, обвинителката Вилма Рускоска. Не сакаше да открива повеќе детали, ниту дали покрај претресот во седиштето, имало и на други локации во кои други субјекти. Рускоска демантираше дека се пребарувало и во домот на ексгенералниот секретар на Владата.

Случајот го испитуваат и антикорупционерите. Документите се добиени, идната недела најавија поголем ангажман и координација со обвинителството.

Рашковски софтверот го купил од „Инвока гроуп“, наводно за потребите на министерството за внатрешни работи, иако оттаму потврдија дека ниту знаеле за набавката ниту пак планираат да го користат.

 

Милчо Велески