Договорено производството на тутун за 2014
Во просек производството ќе се намали за 17 проценти, но тоа ќе биде пропроционално во зависност од производството...

Владата ,откупувачите и тутунопроизводителите се договорија за производството на тутун за 2014. Во просек тутунопроизводството ќе се намали минимално. Кај најмалите производители и тоа кај околу 34.600 тутунари производството нема да се намалува или тоа ќе биде минимално.13.803 ќе го намалат производството само за 5 проценти,а 8.190 за 30 проценти .
„И самите тутунопроизводители, во текот на оваа и минатата недела прифатија едно мало намалување“, рече Данчо Милевски, од Здружение на тутунопроизводители.
Со ваквото намалување на производството ќе биде заштитена најранливата категорија тутунопроизводители која се занимава со оваа дејност од егзистенцијални причини, вели вицепремиерот Зоран Ставрески.
Изјава Зоран Ставрески
Склучувањето на договорите треба да заврши до 10-ти април. Според проценките за годинава планирано е производство од 25 до 26.000 тони, количина која ќе се пласира без проблем.
„Ова е критична година заради тоа што имаме огромно колични на тутун во регионот, исто така и на залиха кај откупувачките компании и од тие причини мислам дека денешното решение е максимално коешто можеше да се донесе“, изјави министерот за земјоделство ,шумарство и водостиопанство, Љупчо Димовски.
Намалување на количините тутун во земјава е последица од намалената побарувачка на суров тутун на светскиот пазар.
Дијана Ценевска
