Град Скопје со конкретни мерки за угостителите

09.04.2021 14:30

Продолжува намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон), согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година.

Град Скопје продолжува со конкретните мерки за помош на скопските угостители во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот.

Продолжува намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон), согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година.

Советот на Град Скопје минатата година веднаш по почетокот на пандемијата усвои низа мерки за помош на домашната економија, а граѓаните кои работат во стопанството да ги задржат своите работни места и полесно да ги пребродат економските последици од справувањето со глобалната пандемија.