Сомнеж за злоупотреба на лични податоци и финансиски малверзации од обложувалници
Антикорупционерите наишле на сомнеж за злоупотреба на лични податоци и финансиски малверзации од обложувалници при проверка веродостојност на податоци во имотно –правната состојба на именувани функционери. Има усно укажување за министерот за земјоделство Аријанит Хоџа за прекршување на етичкиот кодекс...

Антикорупционерите при проверка веродостојност на податоци во имотно –правната состојба на именувани функционери наишле на сомнеж за злоупотреба на личи податоци и финансиски малверзации од обложувалници. Според членовите на Антикорупциската комисија, имало законски пропуст. Бараат итна средба со надлежните да интервенираат во Законот за игри на среќа.
За ова биле известени МВР, Финансиската полиција и разузнавањето, како и УЈП за да ги проверат сомнежите.
Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа добил усно укажување за прекршување на етички кодекс од Владата, по поплака од Антикорупција, заради тоа што при јавен настап рекол дека Комисија за спречување на корупција не е надлежна, а кај него открила судир на интереси.
Антикорупционерите со прекршочна санкција за Ден Дончев за непроменување на имотната состојба. Констатирале дека во 2018-та како директор на Фондот за здравство, Дончев примил 3 милиони денари од фирма од Муртино, а не направил промена во имотната состојба.
Наташа Гркова- Петрушевска
