МОСТ ќе ангажира 1.900 набљудувачи на изборите

20.03.2014 13:57

Во функција на спроведување фер и демократски избори, граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на двата круга од претседателските и предвремените парламентарни избори  ќе ангажира вкупно 1.900 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.

Заради сеопфатна оценка за текот на изборите, набљудувачи на МОСТ ќе ги следат и текот на предизборната кампања, работата на изборните органи, предвременото гласање, како и процесот на доставување и одлучување по приговори и тужби.

Набљудувач на  МОСТ може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои  веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси.

 Поради комплексноста на двата изборни циклуси кои течат паралелно, а заради задржување на истиот квалитет на добиени податоци како во претходните изборни циклуси,  годинава  нема да има набљудувачи во 2 смени, туку сите ангажирани ќе го набљудуваат гласањето на гласачкото место, од отварањето до објавувањето на резултатите. МОСТ ги повикува граѓаните, лично, најдоцна до 29 март, да се пријават во некоја од 17 – те регионални канцеларии, низ целата држава.

Регионалните канцеларии на МОСТ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 18 часот, а податоците со контакт информации за регионалните канцеларии ќе можат да се пронајдат на интернет страницата на МОСТ. Како и во изминатите години така и оваа, граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување на изборите. Проектот “Домашно набљудување на Претседателските и Предвремените парламентарни избори 2014 “ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ, и досега е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија и Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.