Филипче: Пикот е зад нас, мерките да се почитуваат и да се остане дома за празниците
Ова е пораката што ја упати министерот за здравство Венко Филипче, оценувајќи дека притисокот врз болниците засега е намален. Сепак, предупреди Филипче, доколку се случи нов кластер во верските објекти, притисокот врз здравствените установи ќе биде толку голем што ќе се доведе во прашање неговото менаџирање...

Мерките против ширењето Ковид кои се избалансирани и димензионирани согласно бројките и проценетиот ризик, дадоа резултат, пикот е зад нас, ситуацијата се стабилизира, но мора да останеме максимално внимателни, да носиме маски и да држиме физичка оддалеченост. Особено е важно за претстојните празници да нема групирања во верските објекти и да се остане дома за да не се создаде нов кластер.
Ова е пораката што ја упати министерот за здравство Венко Филипче, оценувајќи дека притисокот врз болниците засега е намален. Сепак, предупреди Филипче, доколку се случи нов кластер во верските објекти, притисокот врз здравствените установи ќе биде толку голем што ќе се доведе во прашање неговото менаџирање.
На инфективните оддели на ниво на државата се лекуваат вкупно 1699 пациенти со Ковид. Во Ковид-центрите има околу 300 празни болнички кревети.
