Протест против загадувањето на Тетово
Граѓанската иницијатива „Заедно против загадувањето на Тетово“ на 10 дена пред истекот на предвидениот рок за поставување на еколошки филтри од Министерството за животна средина побараа да не се дозволи пролонгирање.

„Има некоколку индустриски капацитети во тетовскиот регион. сакам да упатам апел до менаџерите на овие компании дека ние не сме за затвжорање на овие капацитети, знаеме дека таму работат луѓе, но сакаме трајно решавање на овој проблем. Загадувањето е голем проблем за граѓаните на Тетово“, изјави Беким Асани, од граѓанската иницијатива „Заедно против загадувањето на Тетово“.