Нелегална трговија

Шест лица уапсени, пронајдена марихуана вредна 800.000 евра

10.04.2021 17:15

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со прашање до власта дали меѓу уапсените се возачот на братучедот на премиерот Заев и командирот на полициската станица во Прилеп. Во партијата се сомневаат дека комбето со грчки таблици каде е претоварена марихуаната е во посед на фирма која има сопственички удел во фирмата на Трајче и Бобан Заеви...

Шестмина се уапсени за нелегална трговија со 200 килограми марихуана, вредна 800.000 евра. По повеќе месечна акција, уапсените кои се од Струмица, Скопје, Битола, Прилеп и од Куманово, било договорено дрогата да ја продадат на лице од Грција. Акцијата е спроведена на патниот правец Прилеп – Росоман кога е фатен дел од групата, организаторот на транспортот е уапсен на бензиска станица во Гевгелија, а возачот на комбето во Прилеп.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со прашање до власта дали меѓу уапсените се возачот на братучедот на премиерот Заев и командирот на полициската станица во Прилеп. Во партијата се сомневаат дека комбето со грчки таблици каде е претоварена марихуаната е во посед на фирма која има сопственички удел во фирмата на Трајче и Бобан Заеви.

Американската амбасада потврди дека во акцијата за спречување на шверцот со дрога нивната агенција ДЕА дала помош на македонските служби. 6-мина завршија пред судија на претходна постапка, а МВР работи на откривање и на други осомничени во овој шверц.

 

Миле Ристески