Тетово

По владината одлука рестораните и кафулињата ги намалуваат вработените

10.04.2021 17:29

Четврти ден по владината одлуката за забрана за посетители во угостителски објекти, дел од рестораните и кафулињата во Тетово ги затвораат објектите. Без гости не се работи. Се надеваат на помош, во спротивно ќе мора нашата дејност да мирува, велат сопствениците. Од владата со најава за поддршка преку грант наменет за оваа гранка…

По одлуката за забрана за примање на гости во угостителските објекти, рестораните и кафулињата во Тетово ги намалуваат вработените. Трошоците велат се големи, со празни маси работиме само во загуба.

Угостителите се жалат. Велат дека се најпогодени од корона кризата, а моментално не добиваат никаква помош. Сега со најновата одлука и блокадата на петтиот пакет економски мерки сме во тотален колапс.

За нас угостителите никој не се интересира. Мораме да го намалуваме бројот на вработени, со оваа одлука не можеме да функционираме. Мора да се најде план Б. Трошоците сега ни се исти, се трудиме некако да излеземе на површина, ама не оди работата. И тука да дополнам дека има една голема грешка кога се донесе оваа одлука. Требаше да ни кажат порано за одлуката, затоа што ние постојано обезбедуваме храна, сега што ќе правиме со храната, на кого да му ја послужиме, изјави угостител.

Од државниот пазарен инспекторат, велат дека одлуката е јасна и прецизна. Нема гости во угостителските објекти кои можат да работаат само со нарачка, но да се внимава да не се создаваат метеж пред рестораните и кафулињата.

Министерот за економија Крешник Бектеши, најави грант за угостителите. Поконкретно за каква помош станува збор ќе информира во текот на наредната недела.

 

Зоран Димовски