СЗО: Најмногу заразени во Европа и САД
Според СЗО, досега се регистрирани 133,5 милиони заразени и 2,8 милиони смртни случаи од коронавирусот. Најмногу заразени има во Европа и САД. Поради мутациите, ЕУ ќе почне преговори за набавка на 1,8 милијарди дози од т.н. „втора генерација“ вакцини...

„Фајзер“ поднесе барање до ФДА за употреба на вакцината кај деца постари од 12 години
Според СЗО, досега се регистрирани 133,5 милиони заразени и 2,8 милиони смртни случаи од коронавирусот. Најмногу заразени има во Европа и САД. Поради мутациите, ЕУ ќе почне преговори за набавка на 1,8 милијарди дози од т.н. „втора генерација“ вакцини.
Од рускиот институт „Гамалеја“ изјавија дека „Спутник“ е ефикасна против британскиот вид, но не и против јужноафриканската мутација. Русите планираат оваа вакцина да се произведува и во Германија. Американскиот фармацевтски концерн Фајзер поднесе барање до Американската агенција за лекови (ФДА) за дозвола за употреба на вакцината и кај деца постари од 12 години.
Почната е клиничка студија за бебиња постари од 6 месеци и мали деца.
