Хомчакги: Не се подготвуваме за напад врз Донбас
Москва тврди дека Киев претпочита воено решение на кризата од 2014 година и образложи дека Русија ги разместува своите сили на своја територија што не претставува закана за никого. Конфликтите во источна Украина почнаа по анектирањето на Крим. Во борбите загинаа над 13 000 лица...

Украинскиот началник на Генералштабот Руслан Хомчакги негира дека војската се подготвува за напад врз Донбас, нагласувајќи дека се води дезинформациска кампања за дискредитирање на Украина.
На Русија ѝ порача да не се меша во внатрешните работи и да се фокусира на дипломатија.
Москва тврди дека Киев претпочита воено решение на кризата од 2014 година и образложи дека Русија ги разместува своите сили на своја територија што не претставува закана за никого. Конфликтите во источна Украина почнаа по анектирањето на Крим. Во борбите загинаа над 13.000 лица.
