САД
Бајден ќе прави реформа на Врховниот суд
10.04.2021 17:59
Експертското тело има шест месеци да даде препораки за промените...

Американскиот претседател Џо Бајден формира експертска комисија која во наредните шест месеци ќе треба да даде препораки за реформа на Врховниот суд.
Новото тело, составено од демократски и републикански стручни лица ќе ги испита и должината на мандатите на членовите, нивниот број, начинот на кој работи Судот и правилата на институцијата.
Деветмина судии се назначени доживотно. Шестмина се конзервативни од кои тројца беа назначени од поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.
