Грција
Убиен новинарот Караиваз пред домот во Атина
10.04.2021 18:04
Репортерот никогаш не побарал полициска заштита..

Во заседа во Атина е убиен грчкиот новинар Јоргос Караиваз. Според очевидци и локални медиуми, тој бил застрелан од две лица на мотоцикл коишто го усмртиле со најмалку шест куршуми пред неговиот дом во Алимос.
Караиваз беше познат репортер кој известуваше за криминалните дејствија во Грција.
Полицијата тврди дека тој никогаш не побарал заштита и непријавил никакви закани по неговиот живот.
