Секое изгубено работно место од преработувачката индустрија повлекува со себе две во услужните дејности
Од почетокот на април над шест илјади текстилни работници во земјава се на колективен одмор, како резултат на доцнењето на петтиот пакет мерки. Економистите апелираат на итна имплементација на мерките од петтиот сет и нивно продолжување во вториот квартал за да се спречи губењето на работни места и во услужните дејности…

Доцнењето на петтиот пакет мерки и намалениот обем на работа резултираше со колективен одмор на околу шест илјади вработени во текстилниот сектор, од кои околу половина се во Штип. Државната помош сега е неопходна и треба да продолжи и во вториот квартал од годината апелираат економистите
Вработените во текстилниот сектор кои два месеци се без плата и здравствено осигурување се жртва на политичките калкулации во собранието, велат од Гласен текстилец.
Можното губење на работни места во преработувачката индустрија силно ќе влијание врз локалната економија и работните места во услужните дејности.
Работодавците очекуваат во јуни да се подобри состојбата со нарачките од странските партнери, но за целосно закрепнување на оваа индустрија велат дека ќе бидат потребни години.
Славица Величковска
