Пандемија на страв и стрес по пандемијата со Ковид-19
Повеќе од година живот во пандемија. Страв, исчекување, борба со непознатиот и невидлив непријател. Загубени животи. Психолозите велат дека допрва се ќе се одразат на менталното и на психичко здравје, не само на пациентите, туку и на целиот медицински персонал. Апелираат дека е потребна национална стратегија, и сериозен пристап во справување со последиците …

По пандемијата со Ковид-19 ја живееме или не очекува и пандемијата на стравот и стресот, е ставот на психолозите. Глобалното зло на денешницата освен по физичкото, сериозно удира и врз менталното здравје на медицинскиот персонал и граѓаните. Првите истражувања говорот дека кај човештвото од 75-90 проценти присутни се стравот, загриженоста и останатите аномалии што го нарушуваат менталното здравје. Колку е поголем стресот од ковид во однос на останатите потешки болести, психолозите го посочуваат и најновото истражување во кое биле опфатени 60.000 пациенти со лесна клиничка слика.
Влијанието на исцрпувачката битка веќе се чувствува на менталното здравје, велат и медицинските лица. Несоници, кошмари и најмногу стрес. Велат, траумите се посебно големи кога не успевате да го спасите пациентот.
Можно ли е една таква тага да се одтагува, а да се избегнат тие ментални трауми. Тешко, но сепак психолозите велат, мора да делуваме со сите расположливи научни алатки. Нè очекува еден сериозен пристап, па затоа е потребна една национална стратегија која ќе биде потпора во справувањето со споменатите последици.
Стевче Митревски
