Завршува изградбата на туристичко- музејскиот комплекс во Вевчани

11.04.2021 14:20

Старото основно училиште се трансформира во мултуифункционален туристички објект. На површина од 1.400 квадратни метри ќе има конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејски поставки, фитнес сала, кафетерии и други комерцијални содржини.

Во мај завршува изградбата на туристичко музејскиот комплекс во општина Вевчани. Старото основно училиште се трансформира во мултуифункционален туристички објект. На површина од 1.400 квадратни метри ќе има конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејски поставки, фитнес сала, кафетерии и други комерцијални содржини.

Во тек е ентериерното уредување. Овој современ објект ќе придонесе за збогатување на туристичките содржини во општина Вевчани

„Туристите кои доаѓаа досега можеа да ги посетат Вевчанските извори и етно рестораните и си заминуваа, сега имаме нови содржини“ , вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Вевчани.

Во музејот ќе бидат поставени предмети кои го карактеризираат духот на Вевчани. Поставка на Јабланица, печалбарска соба, а главна секако ќе биде етно поставка за Василица и познатиот карневал.

„На приземјето е планирано да има сувенирница, инфо центар, трајна поставка на Јабланица, бидејќи сме заштитено подрачје, конгресна сала, сала за семинари. Ќе има отворена галерија, одделни соби, печалбарска“, додава Јанкоски.

Изградбата на туристичкиот центар во Вевчани е во рамките на проектот за локална и регионална конкурентност за збогатување на туристичката понуда со нови производи. Проектот е финансисран од ЕУ и чини 985.000 евра.

 

Соња Рилковска