Запленета марихуана

Трајче Заев ги демантира обвинувањата, ВМРО-ДПМНЕ прашува дали избегал во Дубаи

11.04.2021 14:37

Трајче Заев, братучедот на премиерот, кој вели дека е на служебно патување во Обединетите Арапски Емирати, ги демантира обвинувањата на ВМРО- ДПМНЕ за поврзаност со заплената на марихуан вредна 800 илјади евра. Опозициската партија прашува, дали тој избегал во Дубаи? Го обвинуваат министерот Спасовски дека молчи за акцијата во која се приведени шестмина.

Трајче Заев, братучед на македонскиот премиер со демант на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за негова, наводна поврзаност со уапсените во акцијата на МВР за спречување шверц со дрога. „Еден политички субјект, исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето и името на компаниите во сопственост на Заеви“, вели Трајче Заев.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ пивторно обвини за поврзаност на Трајче Заев со акцијата на МВР.

Трајче Заев изјавува дека од 23-ти март е на службено патување во Обединетите Арапски Емирати за проширување на работата на нивните компании и за отворање нови пазари.

Инаку, Министерството за внатрешни работи информираше дека во оваа акција се запленети 200 килограми марихуана во вредност од над 800 илјади евра и се уапсени шестмина, меѓу кои и висок полициски службеник.

Билјана Јанакиеска