КОВИД-19

Блинкен: Кина ја влоши епидемијата со криење на податоци

12.04.2021 09:36

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен смета дека е потребно да се зацврсти системот на здравствена заштита и да се зголеми транспарентноста и размената на информациите...

„Кинескиот неуспех да им обезбеди пристап на глобалните здравсвени експерти ја влоши пандемијата со ковид-19“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Додаде дека е потребно да се зацврсти системот на здравствена заштита и да се зголеми транспарентноста и размената на информациите.

Во меѓувреме, директорот на Кинескиот центар за контрола на болести, Гао Фу, призна дека вакцините против коронавирус во земјата имале мала ефикасност, а Владата на Пекинг размислувала да ги измеша за да добие подобар резултат.

Оваа земја склучила зделки за да обезбеди милиони дози на други земји, вклучувајќи ги Мексико, Турција, Србија, и Чиле.