Собрание
Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
12.04.2021 09:47
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе расправа за спроведување на Кодексот за етичко однесување на пратениците...

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе расправа за спроведување на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието и за Упатството за примена на Кодексот во првото тримесечје од годинава.
На дневен ред се и предлозите за меѓународна соработка на Комисијата со Парламентот на Република Романија во однос на Деловникот за работа и парламентите на Република Грузија и Република Албанија во однос на Упатство за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците.
