Салехи: Ќе бидат преземени мерки против извршителите на нападот во Натанз
Израелските медиуми известија дека разузнавачката служба Мосад е одговорна за инцидентот кој бил предизвикан со кибернетички напад врз постројката. Официјален Тел Авив, кој го обвинува Техеран дека сака да произведе нуклеарно оружје, не даде коментар за инцидентот.

Шефот на иранската нуклеарна програма, Али Акбар Салехи изјави дека Техеран го задржува правото да преземе мерки против извршителите на нападот врз нуклеарната централа Натанз, кој го третира како терористички.
Израелските медиуми известија дека разузнавачката служба Мосад е одговорна за инцидентот кој бил предизвикан со кибернетички напад врз постројката. Официјален Тел Авив, кој го обвинува Техеран дека сака да произведе нуклеарно оружје, не даде коментар за инцидентот.
Несреќата во Натанз се случи еден ден откако Иран лансираше напредни центрифуги за збогатување ураниум во фабриката на Националниот ден на нуклеарната технологија.
