Средба на Заев со претседателите на опозициските албански партии
На средбата треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.

Во Собранието денеска се очекува да се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.
На средбата треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.
Пред две недели, премиерот Заев заедно со неколкумина министри се сретна со координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи и со неговата заменичка во врска со законот за државјанство, кој беше причина за блокада на дваесетина закони во Парламентот. Тогаш и Заев и Реџепи рекоа дека има оптимизам за решавање на оваа прашање.
