Ковид-19
Филипче: Пристигнува донација со 2.000 вакцини од Кина
12.04.2021 11:16
Пратката е пристигната на аеродромот во Софија и оти веќе е организиран транспортот кон нашата земја...

Пратка од 2.000 вакцини од Кина пристигнуваат денеска, најави министерот за здравство Венко Филипче. Соопшти дека пратката е пристигната на аеродромот во Софија и оти веќе е организиран транспортот кон нашата земја.
Станува збор, како што појасни, за пратка од Кина иницирана од почетокот на февруари од страна на нашиот амбасадор во Обединетите Емирати.
