Со закон ќе се ограничат цените на приватните болници за лекување ковид- пациенти
Филипче вели дека ваквата одлука е донесена по апелите од граѓаните во однос на цените што се наплаќаат во приватните болници за лекување ковид- пациенти, а се движат по неколку илјади евра.

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека денеска на состанок на Кризниот штаб како предлог е прифатено да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници ќе може да им се ограничи висината на цените за лекување пациенти, за време на кризна, односно вонредна состојба. Најави дека ваквиот предлог утре ќе биде поднесен до Владата.
Филипче вели дека ваквата одлука е донесена по апелите од граѓаните во однос на цените што се наплаќаат во приватните болници за лекување ковид- пациенти, а се движат по неколку илјади евра.
Минатата недела само приватната болница „Жан Митрев“ соопшти дека одлучила да ги намали цените за лекување ковид-пациенти за 10 отсто по средбата со министерот Филипче и реакциите во јавноста. Од „Систина“, како што рече, кажале дека нема да ги намалат цените затоа што им е економски неисплатливо.
