Економија

Вртоглаво растат цените на основните продукти

12.04.2021 12:28

Цените на основните продукти вртоглаво растот. За шест месеци некои производи се покачија и до 80%. Растот е очекуван, сметаат експертите, но енормното зголемување е вештачко. Државата треба веднаш да реагира со своите механизми...

Изгор цени- ниски плати. Вака граѓаните го опишуваат растот на цените на производите. Едвај крпиме крај со крај. Зголемувањето започна лани, но последниве неколку месеци се случува ценовен шок.

Продажбата е намалена драстично, велат продавачите. Влијание има економската криза, безработицата, но и растот на цените, велат продавачите кои, како што велат, и тие ги набавуваат производите со многу повисоки цени.

Цените на производите се зголемени пред сѐ како резултат поскапите енергенси, деривати и метали. Тоа е поврзан систем. Но, енормното зголемување на некои производи е вештачко, злоупотребувајќи ја пандемијата. Граѓаните сметаа дека е крајно време државата да интервенира и да го спречи растот на цените.

Властите имаат механизми да да го спречат растот на цените особени на основните продукти, вели Мендерес Кучи од Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Инфлацијата е тука и ни тропа на врата, затоа државата треба веднаш да реагира, во спротивно уште поголемите економски последици ќе ги носат на грб малите производители и трговци, како и обичниот граѓанин- додава Кучи.

 

Зоран Димовски