ВМРО-ДПМНЕ: 1.718 лица починаа додека ја чекаа вакцината која Филипче никако да ја набави
12.04.2021 13:04
ВМРО-ДПМНЕ изразија благодарност до Србија, а сега и до Обединетите Арапски Емирати, но прашуваат до каде се вакцините што владата требаше да ги купи.

1.718 лица починаа од први јануари до денеска, додека ја чекаат вакцината, која што Филипче никако да ја набави. ВМРО-ДПМНЕ изразија благодарност до Србија, а сега и до Обединетите Арапски Емирати, но прашуваат до каде се вакцините што владата требаше да ги купи.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија со Филипче и со Заев на чело е единствена држава која има вакцинирано повеќе народ со вакцини од донации, отколку со купени вакцини.
