Почна средбата на Заев со Села и Гаши
Ова е втора средба на Заев со претставници на албанската опозиција. На средбата покрај Заев, присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.
Во Собранието претпладнево почна средбата меѓу премиерот зоран заев и претседателите на опозициските политички партии од албанскиот блок, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.
Ова е втора средба на Заев со претставници на албанската опозиција. На средбата покрај Заев, присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.
Се разговара за законот за државјанство и за решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието и донесување на законите за петтиот пакет економски мерки.
