НУК

Од 14-ти април сертификати „Чисто и безбедно“

12.04.2021 13:25

Од Комората се надеваат дека оваа активност ќе биде поддржана и од сите државни и надлежни институции во интерес на подигање на јавната свест за зачувувањето на јавното здравје...

По примерот на европските и соседните балкански земји, а со цел да се излезе побрзо во пресрет на потребите и барањата на членките, од среда 14-ти април Независната угостителска комора почнува со издавање и на сертификатот со печат „Чисто и безбедно“ за македонските угостителски објекти, кои ги применуваат и ги почитуваат во целост препораките и протоколите за работа во услови на пандемија.

Од Комората се надеваат дека оваа активност  ќе биде поддржана и од сите државни и надлежни институции во интерес на подигање на јавната свест за зачувувањето на јавното здравје во посетата на сигурни објекти, во кои правилно се почитуваат и применуваат препораките и протоколите за работа на истите.