Правда
Одбраната на Камчев поведува постапка за утврдување на незаконитост на доказите
12.04.2021 12:58
Според адвокатскиот тим, сите докази се прибирани на незаконски начин, со кршење на слободата и правата...

Доказот со кој Орце Камчев е во притвор, е незаконит и истиот треба да биде исфрлен од постапката, истакнуваат од одбраната, која денеска ќе поведе постапка за утврдување на незаконитоста на доказите, со цел остварување на уставно загарантираните права на слобода и безбедност, на ефикасна и делотворна одбрана.
Според адвокатскиот тим, сите докази се прибирани на незаконски начин, со кршење на слободата и правата. Не може да се користат, и врз нив не може да се заснова судската одлука за притвор на Камчев.
